„Сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид“

Еден од најдобрите и најстандардните фудбалери на Реал Мадрид изминативе години е Тони Крос. Германецот дојде на „Сантијаго Бернабеу“ во 2014 година и постојано е прв извор на теренот без разлика, кој тренер го води тимот.

Крос вели дека има желба да се пензионира во дресот на „кралевите“, а од актуелниот договор има уште три години.

„Кога ќе истече мојот договор со Реал ќе имам 33 години и ќе имам неколку опции, можам да останам, да одам на друго место или да се пензионирам. Сакам да бидам јасен, мојата желба е да останам во Реал Мадрид и тука да се пензионирам“, рече Германецот.

Претходно професионалната кариера ја започна во Баерн Минхен, а една сезона беше позајмен во Баер Леверкузен.