Рурското дерби за Борусија Дортмунд: Шалке е без победа 21 натпревар (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 3-0 против Шалке во големото локално дерби во Бундеслигата и ја проолжи мизеријата на ривалот од дури 21 натпревар без победа во германскиот шампионат. 

„Милионерите“ го скршија отпорот на гостите во 55-тата минута преку дефанзивецот Мануел Аканџи, кој го постигна својот прв гол во Бундеслигата по речиси две години. Една работа е сигурна во Борусија Дортмунд, а тоа е дека Ерлинг Халанд ќе постигне гол. Норвежанецот стрелаше во 61-та минута, а точка на натпреварот стави Матс Хумелс во 78-та минута.

По овој пораз, Шалке нема победа во Бундеслигата цели 21 натпревар. Последен пат тимот од Гелзенкирхен славеше со 2-0 против Борусија Менхенгладбах на 17 јанаури годинава.

Борусија сега е во серија од три победи по ред и со 12 бодови е на 3.место на табелата зад Лајпциг, кој има 13 и Баерн со 12 бодови.