Руни со ремек-дело од слободен удар за триумф на Ди-Си јунајтед (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ди-Си јунајтед утрово на домашен терен триумфираа против Торонто со 1-0 во рамки на МЛС-лигата, а единствениот гол го постигна легендарниот Вејн Руни.

Руни беше стрелец во 18. минута и тоа на неверојатен начин, откако постигна погодок од 30 метри од слободен удар.