Руни „распали“: Јунајтед правеше ужасни трансфери како тие на Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба
Руни спомена неколку фудбалски легенди и кажа дека „црвените ѓаволи“ залудно трошеле многу пари на звучни имиња.
„Купувањето на фудбалери пред да дојде новиот газда беше ужасно. Само ангажираа звучни имиња. Погледнете ги Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба. Тие беа добри фудбалери, но клубот бараше само звучни имиња и трошеше многу пари. Ќе треба време да се поправат тие грешки“, кажа Руни.
Јунајтед летово ангажира неколку фудбалери, меѓу кои беа Брајан Мбеумо, Матеус Куња, Сене Ламенс и Бенјамин Шешко, со кои ќе се обиде да избори подобар пласман од минатата сезона.