Руни: Kлоп е одличен менаџер, но има една голема мана

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во интервју за германски „Билд“ го пофали менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Еден од најдобрите англиски напаѓачи бил импресиониран од средбата со Германецот.  

Неизмерно го почитувам Јирген и сето она што го постигна со Борусија од Дортмунд и Ливерпул. Мислам дека секој играч би посакал да работи со него. Имав можност да го запознаам, тој е одличен тип, изјави Руни, а потоа ја отки и големата мана на Клоп.

Се е супер, но најголемиот минус му е тоа што е менаџер на Ливерпул, тим со кој има одлични резултати, додаде Вејн.

Руни е дете на Евертон за кој професионално играше две години, а потоа 13 сезони мина во најголемиот ривал на Ливерпул, екипата на Манчестер Јунајтед. Моментно игра за ДЦ Јунајтед во МЛС лигата.