Румениге потврди: Алкантара си заминува од Баерн 

Извршниот директор на Баерн од Минхен, Карл-Хајнц Румениге, говореше за желбата на Тијаго Алкантара да се пресели во Ливерпул, која беше актуелна изминатите неколку недели.

Шефот на баварците потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор и ќе биде продаден.

Тијаго е исклучителен и на теренот и надвор од него. Ние преговаравме и ги исполнивме сите негови барања. Сепак, се чини дека тој сака да проба нешто ново во неговата кариера. Немавме никаков контакт со Ливерпул. Ако Тијаго инсистира да си замине, ќе мора да се договориме. Едно е сигурно – нема да го пуштиме бесплатно на крајот од неговиот договор, изјави Румениге за „Билд“.

Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Сепак, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баер Леверкузен.