Розенборг го прегази Лилестром пред да го пречека Вардар во Норвешка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Розенборг, следниот противник на Вардар во Лига Европа, ја продолжија победничката серија во норвешкиот шампионат, а денеска славеа убедлив триумф од 3-0 на гостувањето кај Лилестром.

Фаворитот во целост ја оправда улогата и веќе по половина час игра практично ги расчисти сите дилеми на средбата со головите на Никлас Бендтнер и Андрес Хеланд. Во вториот дел Лордот Бендтнер со својот втор гол, овој пат од пенал, стави точка на натпреварот.

Така Розенборг на одличен начин го најави следниот дуел во Лигата на Европа, кој ќе го одигра в четврток, кога пред своите гледачи ќе го пречека скопски Вардар. 

Во норвешкиот шампионат, сега Розенборг има огромни десет бода предност во однос на Бран на седум кола до крајот на сезоната.