Роналдо во 2018 година има постигнато повеќе голови од пет гиганти

Кристијано Роналдо се врати во својата препознатлива голгетерска форма, а тоа го потврди и синоќа против Џирона на која и даде четири голови во победата на Реал Мадрид од 6-3.

Португалецот има вкупно 21 постигнат гол оваа календарска година, а 18 од овие голови дојдоа во Ла Лига, три во Лигата на шампиони. Интересен е фактот дека Роналдо сам има повеќе дадени голови во 2018 година од пет клубови, кои тежат многу во европскиот фудбал.

Арсенал и Милан во своите домашни натпреваруања оваа година постигнале 17 голови, еден помалку од Роналдо. Манчестер јунајтед има 15 голови, Борусија Дортмунд 14, додека Челси 12 постигнати голови.

Ова уште еднаш го докажува квалитетот и ефектот кој Кристијано Роналдо го има на теренот.