„Роналдо требаше да потпише за Арсенал, но потоа Фергусон ми даде одлична понуда“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо во 2003 година се пресели во Манчестер јунајтед за 19 милиони евра, но не знаат сите дека за потписот на Португалецот во конкуренција бил и Арсенал.

Агентот на Роналдо, Жорж Мендеш за англиските медиуми откри дека Јунајтед и Арсенал биле најсериозни кандидати за неговиот потпис, но на крајот Кристијано се решил да потпише за „ѓаволите“.

„Секогаш зборувам дека тренерот има важна улога во секој трансфер. Роналдо е пример за тоа. Го бараа многу клубови, но сите сакаа да го вратат на позајмица во Спортинг. Само Фергусон беше подготвен веднаш да го пушти во неговиот тим и тоа според мене беше најдобро решение. Му кажав дека Јунајтед е идеална шанса за него и на крајот направивме одлична одлука“, кажа Мендеш.