Роналдо стрелаше на теренот, а Македонец на трибините ја запроси девојката! (ФОТО)

Претпоследниот натпревар од 20. коло во Серија А, помеѓу екипите на Јувентус и Парма, засекогаш ќе го памети Македонецот Цане Ѓошевски.

Македонецот на овој натпревар одлучи да ја запроси својата девојка, па овој среќен миг од трибините во Торино го сподели на својот Фејсбук - профил.

Инаку, по првото полувреме Јувентус води со 1-0, а стрелец на единствениот погодок засега е Кристијано Роналдо.