Роналдо: Со Сари играме понапаѓачки фудбал

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, кој моментно настапува за екипата на Јувентус, изјави дека играта на тимот е подобрена со доаѓањето на Маурисио Сари.

Според Португалецот, неговиот тренер дозволува играчите да имаат бројни додавања при создавањето на шанса за гол.

Тимот е посигурен во своите способности. Играме многу повеќе со топката сега. Нашата игра се смени на подобро и ние продолжуваме да се надградуваме секоја недела, рече Роналдо.

Јувентус денес игра со Локомотив Москва во ЛШ и Португалецот смета дека тимот треба да запише победа за „бјанконерите“ да се пласираат во следната фаза.

Мора да победиме на овој натпревар и да се квалификуваме во следната фаза. Ќе играме многу понапаѓачки фудбал оваа сезона. Играме во нова шема што ми се допаѓа, додаде Роналдо.