Роналдо се појави во новиот дрес: Форца Јуве! (ФОТО)

Кристијано Роналдо денеска официјално потпиша договор со Јувентус, каде што во наредните сезони ќе се бори за нови трофеи.

Роналдо имаше прес-конференција за медиумите, каде што ги објасни своите планови за иднина и кажа дека ќе се потруди да му помогне на тимот во борба за трофејот во Лигата на шампиони.

Исто така, Португалецот на социјалните мрежи објави фотографија во новиот дрес и напиша – Форца Јуве!