Роналдо се налутил по поразот од Наполи и им држел лекции на соиграчите!

Кристијано Роналдо не сака да губи, а тоа го покажа и по поразот од 1-2 против Наполи во италијанската Серија А, со што Јувентус испушти можност да ја зголеми предноста пред Интер на табелата.

Италијанските медиуми објавија дека Португалецот по мечот бил лут на соиграчите и им кажал дека го потцениле ривалот и дека не се труделе доволно.

Португалската ѕвезда била иронична со оцените за играта на „Старата дама“, а во соблекувалната никој не му се спротиставил на коментарите затоа што очигледно фудбалерите биле свесни дека разочарале со својот настап на теренот.

И медиумите се сложуваат со Роналдо, па и тие сметаат дека им недостига добар пристап и желба кон мечот, каква што има Португалецот на секоја желба, а навивачите се надеваат дека „бјанконерите“ ја научиле лекцијата во Неапол.