Роналдо се јави по дебаклот од Ливерпул: Навивачите не го заслужуваат ова

Манчестер јунајтед вчера ја имаше можеби најсрамната претстава на „Олд Трафорд“ по оној пораз од Манчестер сити од 1-6. Ливерпул доминираше во секој елемент од фудбалската игра и заслужено го понижи својот најголем ривал со 5-0. 

По дебаклот синоќа на социјалните мрежи се јави Кристијано Роналдо. Многумина го обвинуваат менаџерот Оле Гунар Солшер за поразот, но Португалецот ја презема вината на тимот.

„Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме. Понекогаш тој не е оној што го сакаме. За ова сме виновно ние самите, никој друг, немаме на кого да ја префрлиме вината. Нашите навивачи, уште еднаш беа фантастични во нивната подршка. Тие заслужуваат многу повеќе од ова, многу подобро и од нас зависи да им донесеме радост. Времето е сега!“, напиша Кристијано на „Инстаграм“.