Роналдо провоцира: Сакам Барселона да не дочека со аплауз на „Ел Класико“

Во Шпанија има непишано фудбалско правило, кога еден тим ќе освои голем трофеј на следниот натпревар противничкиот тим да ги дочека со аплауз.

Реал Мадрид вчера го освои Светското клупско првенство откако го совлада Гремио со 1-0, а следниот натпревар во Шпанија за „кралевите“ е Ел Класико. Барселона еднаш го дочека Реал Мадрид со аплауз, но еднаш и го прекрши ова непишано правило. Лани Ванелсија го дочека Реал со аплауз по освојувањето на Светското клупско првенство, а останува да видиме дали „каталонците“ ќе го пречекаат својот лут ривал со аплауз и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

Кристијано Роналдо ги пецна „каталонците“ и рече дека очекува противникот да им ја укаже таа чест.

„Очекувам такво нешто. Тоа би било знак на почитување и сакам Барселона така да не поздрави“, изјави Роналдо по вчерашниот триумф.