Роналдо постигнал гол против 78 екипи, но постои фудбалер што е подобар од него!

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, со двата погодока во синоќешната победа на неговиот тим против Кротоне (3-0) ги „заокружи“ сите мети во Серија А, односно ја комплетира листата со членови на италијанскат елита против кои ја тресел мрежата.

Со тоа, бројката на неговите „жртви“ се зголеми на 78 од петте најсилни лиги во светот, но и покрај тоа, сѐ уште не е најдобар во светот во оваа категорија.

Пред Португалецот е напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој постигнал погодоци протов 79 различни екипи од европската Лига пет.