Роналдо плати 13,5 милиони евра и сигурно нема да оди во затвор!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја плати казната од 13,5 милиони евра во Шпанија минатата недела.

Роналдо доби условна казна затвор од две години и уште од претходно, но прифати да плати за да се заврши процесот.

Кадена коп јави дека ситуацијата е разрешена без затвор, бидејќи Роналдо првпат прави ваков прекршок, а се случил во периодот од 2011 до 2014 година.

Тој неодамна од Реал Мадрид се пресели во Јувентус.