Роналдо не потпиша за Јуве, туку Јуве потпиша за Роналдо!

Летово го добивме најголемиот трансфер, откако Кристијано Роналдо реши да замине од Реал Мадрид и потпиша за Јувентус.

На фејсбук-страната на „Сан“ се појави интересна споредба помеѓу Јувентус и Роналдо, по што може да кажеме дека Јуве потпиша за Роналдо, а не се случи спротивното.

Роналдо има неверојатни 73,3 милиони фанови на Твитер, додека Јувентус има „само“ 6,1 милион фанови.

Јувентус има освоено досега две титули во Лигата на шампиони, а Роналдо има неверојатни пет титули во најсилното европско натпреварување.

Од 2007. година „Старата дама“ има постигнато 102 погодоци во Лигата на шампиони, а Роналдо досега има постигнато 119 голови.