Роналдо на тренинг дошол четири часа пред соиграчите!

Кристијано Роналдо ќе мора да почека уште 10 дена пред да се врати на фудбалскиот терен. Португалецот е познат како некој кој посветува многу внимание на физичката подготвеност и максимално води сметка за своето тело, иако има 35 години.

Колку му се важни тренинзите на Португалецот покажа и вчерашната ситуација од тренинг-кампот на Јувентус.

Маурицио Сари тренингот го закажа за 17 часот, а неверојатниот Роналдо стигна четири часа порано.

Најпопуларниот фудбалер имал индивидуален тренинг неколку часа пред да почне со групниот тренинг со соиграчите од Јувентус.

По речиси три месеци пауза, Јувентус првиотмеч го игра на 13 јуни против Милан во реваншот од италијанскиот Куп.