Роналдо му се налути на Руни: Љубоморен си!

Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо очигледно не знае да прифати критики за неговите очајни настапи во дресот на премиерлигашот.

Неговиот поранешен соиграч Вејн Руни кажа дека Роналдо не направил никаква позитивна разлика во тимот на „црвените ѓаволи“, а Португалецот му се налути поради тоа.

Руни во емисија кажа дека Роналдо постигнал важни голови за Јунајтед, но тоа е далеку од очекуваното од страна на управата на клубот и навивачите.

„Две љубоморни лица“, напиша Роналдо на сликата на Руни од студиото каде што даваше изјава.