Роналдо и официјално е првиот фудбалски милијардер

Голгетерот на калчогигантот Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, и официјално е првиот фудбалер во историјата кој стана милијардер.

Магазинот „Форбс“ објави дека славниот Португалец влегол во друштво на милијардерите и е првиот фудбалер кому му успеало вакво нешто.

Роналдо е исто така третиот активен спортист кој ја достигна оваа бројка. Претходно, славниот боксер Флојд Мејведер и Тајгер Вудс успеаја да дојдат до милијарда за време на своите кариери.

Португалецот со години е меѓу најплатените фудбалери во светот, а покрај примањата од 30 милиони евра годишно во Јувентус, заработува многу пари надвор од теренот преку спонзорски договори и снимање реклами.

Со оглед на тоа што игра на 35-годишна возраст и дека сè уште е многу пожелен меѓу спонзорите, нема сомнение дека во наредните години оваа бројка ќе стане уште поголема.