Роналдо и Мендеш лобираат: Мурињо на клупата на Јуве?

Жозе Мурињо се уште е слободен агент, а од следната сезона сигурно ќе седне на клупата на некој од европските великани. Италијанската „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Португалецот ќе седне на клупата на Јувентус.

Според информациите, Кристијано Роналдо и неговиот агент Жорге Мендес лобираат за Мурињо и тој да седне на клупата на „старата дама“. Тие имаат големо влијание кај клубот од Торино, кој пак размислува за оваа опција.

Ова може да донесе нов ураган во италијанскиот фудбал, ако се знае дека Португалецот е легенда на Интер и е врзан со „нероаѕурите“. Останува да видиме дали Мурињо ќе седне на клупата на старо-новиот италијански шампион.