Роналдо го сруши Арсенал: Јунајтед конечно победи на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед со 3-2 славеше против Арсенал во рамки на дербито на 14.коло во Премиерлигата. Два гола постигна Кристијано Роналдо, кој уште еднаш ја покажа својата класа и дојде до вкупна пројка од 801 погодок во кариерата. 

Гостите го отворија резултатот во 13.минута со еден доста чуден погодок на Емил Смит-Роу. Бруно Фернандеш израмни на 1-1 во 44.минута. Потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо, кој погоди за пресврт во 52.минута по асистенција на Маркус Рашфорд. Радоста на „ѓаволите“ траеше кратко, бидејќи Мартин Одегард само две минути подоцна израмни на 2-2.

Португалецот од пенал во 70.минута погоди за 3-2 и ја обезбеди победата на домашниот тим. За „ѓаволите“ тоа беше прва победа на домашен терен по три порази и едно реми. 

Манчестер јунајтед со 21 бод сега е на седмото место на табелата, два помалку од Арсенал, кој е петти. 

Овој натпревар воедно беше последен и за Мајкл Керик на менаџерската позиција, кој привремено го водеше тимот по отказот на Оле Гунар Солшер. Англичанецот на три натпревари оствари две победи против Вилјареал и Арсенал, а ремизираше со Челси на „Стемфорд бриџ“. 

Од утре официјално со работа започнува Ралф Рангник, кој ќе го води тимот од крајот на сезоната.