Роналдо добива нов договор, но Меси и натаму ќе биде многу поплатен

Кристијано Роналдо веќе подолго време бара нов и финансиски подобрен договор од Реал Мадрид, а желбата конечно ќе му биде исполнета летово.

Генералниот директор Јозе Анхел Санчез го информирал Португалецот дека ќе му биде понуден нов договор летово пред почетокот на Светското првенство во Русија. 

Со игрите кои ги прикажува дефинитивно заслужува побогат договор, кој дефинитивно ќе го добие. Според информациите на шпанските медиуми, Реал ќе му понуди 30 милиони евра годишна плата и плус два милиони евра во бонуси. 

И покрај ова зголемување, Роналдо нема да биде најплатен фудбалер, бидејќи Нејмар во ПСЖ има плата од 35 милиони евра (28 милиони евра плата и седум милиони евра бонуси), а неприкосновен засега е Лионел Меси, кој има годишна плата од 45 милиони евра.