Најдобриот светски фудбалер во моментов Кристијано Роналдо немаше деби од соништата за италијанскиот шампион Јувентус, откако попладнево во Верона, „старата дама“ отпеа стара и веќе видена песна кога станува збор за Калчото – победи во 93-та минута на гостувањето кај Киево во Верона со 3-2.

Дојде Роналдо за Јувентус, кој седум години по ред доминира, уште полесно да стигне до новото „скудето“, но на првата пречка не се покажа премногу, ама виде како Јувентус со години побдува – во финиш од мечевите. Се изгледаше дека ќе биде лесно и убедливо, откако Јувебтус преку Сами Кедира поведе по четири минути игра, а потоа во завршните 20 успеа да направи пресврт за да победи. . Прво за израмнување се погрижи Бани на 15 минути пред крајот, а потоа Фернандо Бернадески погоди во третата минута од судиското продолжение, откако претходно Киево успеа да направи пресврт преку Степински во 38-та и Џакерини од пенал во 56-та направија сензационален предврт на мечот.

И додека светот очекуваше дека Роналдо ќе се раздава голови, за да најави дека ќе доминира и на Апенините, како што тоа беше на Островот додека беше дел од Манчестер јунајтед, а посебно на Пиринеите за девет години во дресот на Реал Мадрид, Португалецот беше претивок и практично италијанската јавност не виде ништо од раскошот на гол-машината која во „кралскиот клуб“ даваше во просек по еден гол на меч за девет години.