Роналдо бил и „менаџер“ - со еден повик му договорил две засилувања на Фергусон!

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е еден од најдобрите во историјата, а познат е по тоа што е целосно посветен на спортот и одржување на физичката форма му е еден од приоритетите во кариерата.

Познати се многу приказни од неговиот прв мандат на „Олд Трафорд“, а сега англиските медиуми дознаа дека Роналдо му „договарал“ трансфери и му помагал на тренерот Сер Алекс Фергусон.

Роналдо одиграл важна улога во ангажирање на двајца фудбалери и тоа со еден телефонски повик пред 14 години. Португалецот ги убедил Бразилците Рафаел и Фабињо да се преселат во Манчестер, а Рафаел откри што се случувало.

„Ми заѕвони телефонот и тоа никогаш нема да го заборавам. Бројот кој ми ѕвонеше беше меѓународен, а јас во тој момент се запрашав кој врти на мојот телефон. Се јавив на повикот и веднаш по гласот знаев дека е Роналдо. Ми кажа да се преселиме во Манчестер. Не можев да верувам, тоа беше неверојатно“, открива Рафаел.