„Роналдињо ми го даде дресот и ме замоли да не го удирам повеќе“

Поранешниот играч на Катанија, Пабло Алварез, откри интересна анегдота поврзана со легендарниот Бразилец Роналдињо.

Станува звор за момент кој се случил во периодот помеѓу 2008 и 2011 година во кој Роналдињо играше за екипата на Милан.

Аргентинскиот дефанзивец, кој денес е член на Арсенал де Саранди, се присети на еден натпревар на „Сан Сиро“ кога Роналдињо се пожалил на неговата грубост.

Кога заврши првото полувреме на натпреварот Милан - Катанија на „Сан Сиро“, се приближувавме кон тунелот. Роналдињо ми пријде, го соблече дресот и рече: „Земи го Алварез, но не ме удирај повеќе. Ми го даде дресот, а тогаш беше невозможно да го запрам, леташе по теренот. Тој беше еден од најдобрите во историјата на фудбалот, откри поранешниот играч на Бока Јуниорс.