Роналдињо дозна лоши вести додека го чека судењето за лажните пасоши

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто се уапсени пред речиси три месеци затоа што со лажни пасоши патувале во Парагвај.

Роналдињо и брат му биле на хуманитарен настан, а полицијата на аеродромот добила информација дека нивните пасоши не се во ред.

Тие речиси два месеци поминаа во затвор, а во моментов се во домашен притвор во Парагвај, каде што го чекаат судењето за целиот случај.

Сепак, лоша вест за нив е тоа што човекот кој ги изработил лажните пасоши Вилмондез Соуза Лира е уапсен и добил 18-месечна затворска казна, па сега се плашат дека може да сведочи против нив.

Роналдињо и брат му најверојатно ќе добијат шестмесечна затворска казна, а „светла точка“ е тоа што половина од казната ја одработија.