Рома за четири минути го доби вечното дерби со Лацио (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома го добија големото градско дерби против Лацио на „Олимпико“ со 2-1 и го помина ривалот на табелата.

По мирните први 45 минути, сѐ што се случуваше на овој дуел се случи во вторите 45 минути, кога Рома за само четири минути постигна два гола и практично го реши овој натпревар.

Најпрвин во 49-та минута Пероти од пенал го отвори резултатот, а Наинголан по четири минути силно биеше од дваесетина метри и зголеми на 2-0. Сепак, Имобиле со голот во 72-та минута ја врати неизвесноста и го направи интересен финишот, но резултатот не се менуваше.

Сега Рома е трета на табелата со 30 бода, односно два помалку од Лацио и еден од Јувентус по 12 одиграни натпревари, а Лацио е петтопласиран со 27 освоени бода.