Рома со пресврт ја совлада Венеција, Комо ја нокаутира Верона

Фудбалерите на Рома полека, но сигурно влегуваат во победнички ритам, откако денеска триумфираа против Венеција со 2-1.

Рома беше очајна во првото полувреме и казната стигна од Похјанпало во 44. минута кој погоди за предност на Венеција.

Екипата од Рим почна да се буди во второто полувреме, а во завршницата успеа да погоди преку Кристанте и Пизили за пресврт и триумф од 2-1.

„Волчицата“ се наоѓа на деветто место со девет бодови, додека Венеција остана во зоната за испаѓање со само четири бода.

Комо беше одличен против Верона (3-2), па со головите на Кутроне и Белоти стигна до победата, додека за поразениот тим стрелаа Лазовиќ и Ламбурд.