Рома со пресврт им се врати на победите, шампионот сигурен кај Емполи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома ја прекинаа низата од три средби без победа, откако вечерва, со пресврт, како гости го совладаа Калјари со 2-1.

Римјаните, кои загубија два и одиграа едно реми во последните дуели од Серија А и Лига Европа и овој меч го почнаа лошо, откако домашниот тим поведе со голот на Паволети во 52. минута. Сензацијата беше спречена во седум минути, откако прво Ибањез изедначи во 71. минута, а Пелегрини го донесе триумфот во 78. минута.

Шампионот Интер, пак, лесно дојде до трите бода на гостувањето кај Емполи (2-0) и тоа со головите на Д'Амбросио во 34. минута и Димарко во 66. минута, додека осум минути подоцна ВАР му поништи гол со рака на Гаљардини поради игра со рака. Лацио, пак, со минимални 1-0 ја совлада Фиорентина.

Претходно денеска, Сасуоло како гостин го шокира Јувентус (2-1), Аталанта како гостин беше успериорна против Сампдорија (3-1), а Удинезе и Верона одиграа нерешено (1-1).