Рома славеше на „Меаца“: Инзаги е пред отказ од Интер (ВИДЕО)

Рома славеше со 2-1 на гостувањето кај Интер во рамки на големото дерби од 8.коло во Серија А. 

Федерико Димарко ги доведе „нераѕурите“ во водство од 1-0 во 30.минута. По девет минути Пауло Дибала со одличен погодок израмни на 1-1. Во моментите кога Интер правеше притисок и играше подобро, „волчицата“ дојде до пресврт. Лоренцо Пелегрини центрираше од слободен удар, а стоперот Крис Смолинг со глава од непосредна близина го матираше Самир Хандановиќ во 75.минута за победа од 1-2. 

По овој пораз, трет на последните четири средби, Интер падна на седмата позиција со 12 бодови, а клупата на тренерот Симоне Инзаги сериозно се тресе. Рома е четврта со 16 бодови.