Рома пронајде замена за Де Роси во Удинезе!?

Искусниот фудбалер Даниеле Де Роси реши да се прости со дресот од Рома, а очигледно „Волчицата“ би можела да остане и без Стивен Н’Зонзи, кој сака да го продаде.

„Тутомеркато“ пишува дека Рома поради тоа сака да го ангажира Роланд Мадрагор, млад репрезентативец на Италија, кој зад себе има успешна сезона во Удинезе.

Станува збор за фудбалер, кој во Удинезе минатото лето пристигна од Јувентус за 20 милиони евра, а по одличната сезона би можел да ја смени повторно средината.

Мадрагор дебитираше во Серија А на само 17 години во дресот на Џенова, а во 2016 година се пресели во Јувентус за десет милиони евра.