Рома оди на продажба: Клубот бара нови инвеститори

Рома официјално потврди дека дел од акциите на клубот одат на продажба, бидејќи челниците бараат свеж капитал. 

Првичните инфромации говорат дека американскиот бизнисмен Ден Фредкин е заинтересиран да инвестира во клубот. На продажба ќе бидат 16,6 отсто од акциите на „волчицата“.

Шпекулациите во италијанските медиуми се дека Рома можеби ќе оди и целосно на продажба, ако се јави заинтересиран купец на целиот пакет акции. Клубот моментално е во сопственост на Американецот Џејмс Палота, кој има италијанско потекло.

Тој заедно со уште тројца други инвеститори во 2011 година го купија римскиот калчолигаш.