Рома најде замена за Един Џеко и тоа во Атлетико Мадрид

Рома е во потрага по нов голгетер, кој ќе може наскоро да го замени Един Џеко. Прв пик на тренерот Пауло Фонсека е Диего Коста од Атлетико Мадрид. 

Бразилецот со шпански пасош не е во форма сезонава, па затоа и го загуби стартното место во тимот и Диего Симеоне е подготвен да го продаде. Рома се надева дека Коста ќе биде достојна замена за 34-годишниот Џеко, кој и сезонава е најдобар стрелец во тимот со 12 голови.

Во Рома сезонава веќе игра еден фудбалер на Атлетико, а тоа е Никола Калиниќ, но Хрватот воопшто не се прослави на „Олимпико“.