Рома купува уште двајца играчи – еден од Милан, другиот од Севилја!?

Рома летово ангажираше голем број на фудбалери, а во тоа им помогна трансферот на Алисон Бекер во Ливерпул.

Уште малку остана до крајот на пазарот во Италија (18. август), а Римјаните подготвуваат напад на уште двајца играчи.

Првиот е фудбалерот на Милан, Сусо, кој би требало да има состанок со управата за да се договори дали ќе остане или ќе замине од Милано.

Шпанецот сака подобар договор, но ако „росонерите“ не му ја исполнат желбата, тогаш би можеле да го продадат за 40 милиони евра кај еден од своите ривали.

Втор на листата е Стивен Н`Зонзи, а Мончи е ептен ангажиран околу тој трансфер, додека управата на „волчицата“ не е воодушевена од истиот.