Рома ја запре победничката серија на Наполи и Елмас (ВИДЕО)

Рома е првиот тим кој успеа да ја запре победничката серија на Наполи, откако на „Олимпико“ во Рим одигра 0-0 во деветтото коло од Серија А.

Наполи беше подобар противник на теренот и создаде повеќе шанси од нивниот ривал, но не успеа да искористи ниту една од нив, па мрежите останаа да мируваат.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 71. минута, но не успеа да им помогне на неговите соиграчи да слават на гостувањето кај Рома и да ја продолжат одличната серија.

Наполи и Милан по девет одиграни средби се наоѓаат на делба на првото место со по 25 бода, по што следи Интер со 17, па Рома со 16, додека по 15 имаат Аталанта и Фиорентина.