Рома испрати понуда до Манчестер јунајтед за Крис Смолинг

Крис Смолинг се препороди како фудбалер во дресот на Рома оваа сезона и според просечните оцени на италијанските новинари е меѓу најдобрите дефанзивци во Серија А.

„Волчицата“ е исклучително задоволна од фудбалерот и сака да го задржи уште долго на „Олимпико“. Челниците на италијанскиот клуб сега жалат што во првичната позајмица не вметнаа клаузула за откуп на договорот на Англичанецот.

Манчестер јунајтед бара 25 милиони евра за Смолинг, но Рома има малку поинаква понуда. Италијанците сакаат да го позајмат фудбалерот уште една сезона за три милиони евра, а во јуни 2021 година да платат 15 милиони за целосен откуп на договорот.

Рома веќе има подготвено четиригодишен договор за Англичанецот.