Роџерс како никој досега: Лестер урна клупски рекорд! (ФОТО)

Лестер денеска славеше против Астон вила со 4-1 во рамки на 16. коло во Премиерлигата, па тоа беше осма победа по ред за нив во шампионатот.

Екипата на Брендан Роџерс постави нов рекорд во својата 135-годишна историја, па во моментов се наоѓа на второто место со осум бодови помалку од лидерот Ливерпул.