Робен имал пеколни денови: Мојата сопруга едвај успеа да се излечи од Ковид-19!

Коронавирусот овие денови хара ширум светот и досега зарази над милион луѓе, а една од заразените беше и сопругата на поранешниот фудбалер, Арјен Робен, Бернадијан.

Како што и самиот Робен призна, ситуацијата на моменти не биле пријатна, но за среќа се добро се завршило.

За среќа, се мина добро. Сепак, воопшто не беше пријатно, едвај успеа да ја надмине заразата. Се чувствуваше многу лошо, но за среќа сега е подобро, тестовите повторно се негативни. Најлош дел беше нејзината болка во белите дробови, чувствуваше голем притисок и не можеше да дише нормално. И оваа состојба траеше со денови, не можеше да се опорави за еден или два дена. Среќни сме што нејзината состојба не се влоши, изјави Робен.

Пензионираниот фудбалер додаде дека тој и децата за среќа се негативни на Ковид-19, но сепак треба да бидат во домашна изолација 14 дена.