Ристовски неколку часа пред дуелот со Арсенал доби нов тренер!

Спортинг Лисабон во претходниот период имаше многу проблеми. Поради инцидентите со навивачите во клубот си заминаа многу фудбалери пред почетокот на сезоната, но и покрај тоа се наоѓаат на третата позиција во португалската лига.

Пред македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и неговата екипа Спортинг вечерва е важен дуел во рамки на групната фаза од Лигата на Европа против Арсенал на „Емирати“.

Привремен тренер на португалскиот тим беше Тијаго Фернандез, но денеска на неколку часа пред дуелот во Лондон тие добија нов тренер, а тоа е Марсел Кејзер од Холандија.

Спортинг во претходните денови преговараше со Ал Џазира, на чие чело беше Кејзер, па очигледно двете страни се договориле.

Наводно, екипата на Ристовски договорила соработка со Кејзер до 2021. година, а тој ќе го преземе кормилото во наредните денови.

Новиот тренер на португалскиот гигант во минатото беше и шеф на стручниот штаб на Ајакс.