Ристовски мајсторски од слободен му даде гол на Илиев и пак ѝ донесе победа на Нитра (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски со нова мајсторија ѝ донесе нова победа на својата Нитра во словачкото првенство, откако со прекрасен слободен удар го совлада репрезентативниот голман Дејан Илиев за триумф со 1-0 на гостувањето кај Серед во 15-то коло во словачката Фортуна лига.

Ристовски стигна до четири гола на три меча во последните две недели, а севкупно за него ова е осми сезонски гол со што останува во врвот на листата на стрелци во Словачка, зад Словенецот Шпорар од Слован Братислава, кој досега има девет дадени голови. Ристовски постигна гол од 20-на метри во 72-та минута за да го реши мечот, откако со прекрасен гол од 18 метри во минатото коло донесе победа против Трнава.

Илиев стандардно брани на голот на Серед, каде тренер е макеоднскиот стратег Славчо Војнески, а по овој меч Нитра и со победата останува претпоследна со 13 бода, а Серед е седми со 18 бода.