Ристовски казнет во најлош момент – ќе пропушти два меча со Бенфика!

Макеоднскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски во најлош момент го доби црвениот картон за Спортинг Лисабон, откако дисциплинската комисија на португалската федерација го казни со два меча суспензија и парично за исклучувањето во Сетубал.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Парма, Риека беше исклучен во 55-та минута поради неспортско и агресивно однесување, но и навреди кон главниот судија на мечот. Ристовски го навредил Халдер Махлеиро и овој судија, кој разбирал македонски (пцовки пред се), внел во записникот сè што му изнаредил репрезентативецот.

Ристовски бурно реагирал кон судијата откако добил лакт во глава, но арбитарот остана нем. Па по рпиговорот и една пцовка заработи исклучување, а потоа збесна.

„Ристовски е исклучен поради навреди кон судиите. Кога имаше прекин, тој агресивно се пушти кон арбитарот со серија навреди. Откако доби црвен картон, повторно се врати кај судијата со голема агресивност, а соиграчите едвај го додржаа и постојано викал 'ку*вин син'“, пишува во извештајот на судиите.

По оваа казна, Ристовски сега ќе прескокне две вечни градски дербија со Бенфика. Првото е прволигашкиот меч од 20-то коло на својот стадион „Жоезе Алваладе“ викендов, а вториот де на „Луж“ во рамките од полуфиналето во Купот на Португалија закажан за 6 февруари. Спортинг и Ристовски сезонава веќе освоија еден трофеј, а тоа е Лига-купот на Португалија, откако на пенали го победија Порто.