Ристовски го даде 11-от гол во Словачка (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Милан Ристовски го постигна 11-от погодок во Словачка, откако денеска стрелаше во победата на Нитра од 3-0 против Тренчин.

Ристовски во 75. минута од мечот успеа да го пронајде патот до мрежата, по асистенцијата на Михал Фаско.