Ришарлисон со прекрасен потег израдува бразилски ученици (ФОТО)

Ѕвездата на Евертон, Ришарлисон им помогнал на ученици од Бразил да заминат на математичка олимпијада.

Иако добиле повик да настапат на Олимпијадата, сепак учениците немале доволно средства за да одат на натпреварувањето, кое се одржува во Тајван.

Сепак, откако се појавила молбата на социјалните мрежи, Ришарлисон контактирал еден од учителите и ги покрил сите трошоци на патувањето, кое изнесувало околу 10.000 фунти.