Римски трилер за паметење: Лацио и Удинезе одиграа луд натпревар со осум голови (ВИДЕО)

Лацио и Удинезе ремизираа 4-4 во еден од најинтересните и најдраматични натпревари одиграни во историјата на Серија А. Домашните губеа со 1-3, па направија сензационален пресврт за гостите да погодат во 99.минута за да извлечат бод. 

Гостите водеа со 0-2 по половина час игра на „Олимпико“ благодарение на головите на Бето. Чиро Имобиле намали во 34.минута, но Науел Молина во финишот на првиот дел повторно го врати Удинезе во предност од два гола.

Лацио тргна фуриозно во вториот дел и со головите на Педро и Сергеј Милинковиќ - Савиќ во 51. и 56.минута од натпреварот дојде до 3-3. Само минута подоцна Патрик заработи втор жолт картон и исклучување во редовите на Лацио. 

Потоа и гостите останаа со играч помалку откако беше исклучен Молина. Франческо Ачерби направи пресврт за „лацијалите“ во 79.минута за водство од 4-3 по долга ВАР-проверка. 

Длабоко во судиското продолжение, односно во 99.минута Удинезе погоди за 4-4 преку Толгај Арслан. Во прославата Валас беше исклучен кај гостите, кои натпреварот го завршија со девет играчи.