Рибери доби понуда да игра во Премиерлигата, ама ја одби без да ја погледне

Франк Рибери после 12 години одлучи да го напушти минхенски Баерн. Раководството на германскиот гигант одлучи да не ја продолжи соработката со 36- годишниот фудбалер и тој си замина од Минхен.

Рибери и понатаму има желба да игра фудбал и не планира да ја заврши кариерата. Доста клубови се заинтересирани за него, а конечната одлука треба да ја донесе во следниот период.

Последен клуб што влезе во трката за Французинот е новиот Премиерлигаш, Шефилд Јунајтед. Сепак, Рибери не ја ни погледнал понудата и веднаш ја одбил, затоа што сака поголем предизвик.