Рибери денеска доаѓа во Фиренца да потпише двегодишен договор

Се најавуваше пензија, па заминување во арапскиот свет, па изненадувачки трансфер во Москва, но на крајот францускито ветеран Франк Рибери утре ќе дојде во италијанското Калчо и ќе потпише двегодишен договор со Фиорентина.

Французинот веќе договорил сѐ со „виолетовите“, па ќе треба само да се испочитуваат формалностите пред презентацијата – да ги мине лекарските прегледи, да го потпише договорот и потоа пред медиумите да го облече дресот на својот нов клуб. Французинот сакаше да остане во „лига петка“ и тоа на крај му се остварува, а иако има 36 години и сѐ поблизу е до фудбалска пензија, сепак има уште многу да понуди, па затоа и Фиорентина ќе му даде двегодишен договор.

Во Италија доаѓа после 12 години во Баерн Минхен (425 меча-124 гола), откако летово си замина и како слободен играч бесплатно го засилува овој калчолигаш. Тој е новото џиновско име кое доаѓа на Апенините, за уште повеќе да го врати шмекот на некогап најсилната и најатрактивна лига на светот.

Прв меч на Фиорентина е в сабота против Наполи со Елиф Елмас, меч закажан за вечерниот термин од 20.30 часот на кој се очекува и дебито на Рибери, но и официјалното деби на македонскиот бисер.