Револуција: Шкотска забрани децата да ја удираат топката со глава

Минатиот месец Шкотска најави дека ќе забрани деца помлади од 12 години на тренинг да ја удираат топката со глава, откако истражување покажало дека фудаблерите страдаат од деменција, а од денеска правилото официјално стапи на сила.

Раководството на шкотскиот фудбал ја воведе забраната за игра со глава за време на тренинг, а тоа ќе важи за сите фудбалери до 12 години.

Новото правило почна да се имплементира откако истражувањето на Универзитет во Глазгов докажал поврзаност меѓу тој дел од фудбалската игра и деменцијата.

Исто така, во моментов се разгледува можноста правилото да биде воведено и во целиот младински фудбал на Шкотска, односно да важи за фудбалери до 17 години.