Ресторанот на Милик ќе готви храна за болниците и медицинарите

Аркадиуш Милик поседува ресторан во својот роден град Катовице во Полска, а по пандемијата од коронавирусот се вклучи во хуманитарна акција. 

Неговиот ресотран секојдневно ќе готви храна, која ќе ја испраќа во локалните болници за пациентите, но и за медицинските работници, кои деноноќно се борат против Ковид-19.

Полјакот со ова се вклучува во низата други фудбалски ѕвезди кои помагаат во оваа сериозна пандемија, која се прошири низ целиот свет.